Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Патување во Европа

Дали знаете дека за период од три месеци патување низ Европа не ви треба виза? Дознајте тука како да се подготвите за патување!

Уште од декември 2009 година, жителите на Република Макеоднија, Црна Гора и Србија имаат можност да патуваат без виза во ЕУ Шенген зоната за период до 90 дена во период од шест месеци. Истово важи и за жителите на Албанија и Босна и Херцеговина од декември 2010 година.

 

Кои документи треба да ги понесам со себе за времетраењето на моето патување:

 

За патување низ различни земји во Европа, вие мора да имате биометриски пасош, потврда од здравствено осигурување и потребни финансиски средства за да ги покриете вашите патни трошоци и вашиот претстој.

Сумата на финансиски средства е различна во секоја земја. Можете да ја проверите оваа информација на веб-страните на амбасадите или конзулатите на државите кои што планирате да ги посетите.

 

Виза со повеќе влезови

 

Од друга страна пак доколку често патувате во земјите членки на ЕУ, може да добиете и виза со повеќе влезови која што важи до една година. Се разбира дека за добивање на ваква виза вие треба да исполните одредени услови.

 

На пример, доколку сте студент кој учествува во тренинг, семинар или програма за размена, или пак доколку сте учесник на меѓународен спортски натпревар вие можете да аплицирате за виза со повеќе влезови.