Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Како да го докажете вашето знаење на странски јазик

Учењето на странски јазици ја зголемува и ја проширува вашата свесност за културата, но исто така може и да ја прошири вашата кратка биографија доколку вашето учење биде докажано со сертификат. Дознајте кои сертификати се пошироко прифатени и како можете да ги добиете.

Што е ЗЕРРЈ?

 

Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазици (ЗЕРРЈ) (предавање, учење, задачи) е креирана со цел да се обезбеди основа за владеење на странски јазик.  Се употребува во Европа но исто така и на други континенти и постои на 39 јазици.

 

Оваа референтна рамка го оценува познавањето на странскиот јазикот на шест нивоа и официјалните тестови за јазик се базирани на ова:

 

  • A1 и A2 – Основно ниво

  • B1 и B2 – Средно ниво

  • C1 и C2 – Напредно ниво

 

Доказ за вашето знаење

 

Вие можете да полагате испит за да го докажете вашето знаење на скоро секој јазик сертификатите се доста битни за работодавачите и најчесто се барани на универзитетите кога станува збор за студирање во странство (вообичаено најмалку е барано нивото e B2).

 

Можете да го проверите официјалниот јазик на институот за јазици за кој сте заинтересирани, на пример Британски Совет за англиски, Француски институ за француски или Инститот Сервантес за шпански се само некои од нив. Во овие институции вие ќе дознаете кои серификати се задолжителни, структурата на испитите, школарината и кога се одржуваат испитите.

За да бидете најдобри на испитот вие мора да се фокусирате на секој дел поединечно. Некои луѓе земаат специфични доплнителни курсеви, но не се грижете доколку немате доволно време или финансии, постојат различни начини за подготвка и тестирање на вашето знаење за испити кои можете да си ги направите сами на следниов линк http://eclexam.eu/sample-tests/

 

Еуропас Јазичен пасош

Дали поминавте одреден период во странство и разбирате некој странски јазик, но не можете да го напишете? Еуропас Јазичниот Пасош не е официјален документ, но ги вклучува компетенциите со кои сте се здобиле без разлика дали се разботи за формално или неформално образование. Преку зедничката Европска Референтна Рамка за јазици, вие можете да го презентирате вашето ниво на познавање на странски јазик, кое исто така е споредливо на интернационално ниво на следниов линк https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/lp/compose#lp/compose

Објавено: Сре, 10/08/2016 - 14:22


Tweet Button: 

Поврзани линкови


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!