Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Како да земете учество во младинска размена

Дали сакате да поминете неколку денови во странство учејќи или пак споделувајќи искуства со млади лица од други земји? Дознајте повеќе за тоа што е младинска размена и за тоа како да учествувате во неа.

Младинската организација Beyond Barriers во Тирана (Албанија) е една националните точки на Еразмус+ во оваа земја. Во последниве десет години тие имаат организирано повеќе од 100 младински размени, семинари, тренинзи за млади лица во странство. Нивниот ЕВС програмски менаџер Ира Топали ни објаснува како да земете учество.

 

Што е младинска размена?

Младинска размена е активност која се одвива во групи на млади лица кои споделуваат искуства во различна земја од 5 до 21 ден.

За времетраењето на младинската активност, учесниците имаат работна програма на одредена тема која е поддржана од младинските лидери. На примeр работа за прашања поврзани со средината, здравствени прашања, интеркултурно учење и итн. Размената содржи микс од работилници, вежби, дебати, симулации дури и настани кои се одвиваат надвор.

 

Кој може да учествува?

Сите од 13-30 години. Младинските размени вклучуваат минимум 16 учесници максимум 60, не вклучувајќи го лидерот на групата.

 

Како може да дознаам за младинската размена кога бараат учесници?

Можете да ја контактирате националната контакт точка за Еразмус+ или различни локални организации кои што работат со Еразмус +. Исто така можете да најдете информации или нови повици на специјалните веб страни како и преку социјалните медиуми, На пример можете да ја проверите фејсбук групата на Beyond barriers.

 

Што треба да направам за да земам учество?

Потребно е да ја контактирате организацијата и им дадовте до знаење дека сте заинтересирани да учествувате. Доколку има многу кандидати, организацијата може да побара од вас да ја испратите вашата кратка биографија и мотивационо писмо.

Доколку сте избрани потребно е да ја пополните апликациската форма од органзиацијата и тие може ќе побараат од вас да се сретнете. „Доколку станува збор за група, ја носиме во нашите канцеларии и им даваме тренинг пред заминување, ги следиме нивните активности кога тие се во странство и кога ќе се вратат, ги охрабруваме на локално  ниво“ - вели Ира Топали. „На пример, во моментов ние спремаме група од шест млади лица, кои заедно ќе одат во Италија на крајот на месецот за младинска размена на тема животна средина и како да се борат со стереотипите помеѓу младите лица“.

 

Не збораувам одлично англиски, дали може сепак да учествувам?

„Како организација се трудиме да не ставиме многу критериуми за учество во младинска размена, затоа што за нас е многу важна инклузијата за секого.  Затоа ние вклучуваме младински размени за млади лица кои што не зборуваат течно англиски јазик, затоа што другите лица можат да им помогнат со превод и да ги вклучат. Тоа може да ги мотивира да го учат јазикот понатаму“.

 

Дали учеството е бесплатно?

Да. Во повеќето случаи учеството е бесплатно. Освен тоа водејќи се според правилата на програмата, сместувањето, храната и дневните потреби на проектот се покриени од организаторот. Авионските билети се исто така вклучени. Најчесто ние го купуваме билетот за учесниците однапред и подоцна нашите партнери ни ги враќаат средствата. Понекогаш билетите можат да чинат малку повеќе од она што е предвидено во калкулаторот за далечина и можеби лицата ќе треба да си платат разликата сами. Во некои случаи организациите можат да аплицираат за партипацијата, но тоа е реткост.

 

Зошто би препорачале да се биде дел од младинска размена?

 “Искористете ја шансата да се приклучите кон ваквите активности. Тоа им дава на младите лица не само да ги развијат нивните компетенции во различни полиња, но исто така да се социјализираат за различни теми и области кои што не се вообичаени за нивниот секојдневен живот. Како асоцијација, ние ги охрабруваме младите лица да истражат нови култури, нови навики, нов животен стил, да учат со млади лица слични на нив. Ова е најдобрата работа во младинската размена, да учат за подобрување на нивните вештини. Постојат лица кои се различни и од различна културна средина но и кај нив постојат сличности. Ние се фокусираме на сличностите да направиме младите лица да бидат свесни дека тие се иднината.

Објавено: Пон, 27/06/2016 - 15:17


Tweet Button: 


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!