Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Од Србија до Јапонија преку Еразмус Мундус

По завршување на диполомските студии по роботика на Универзитетот на Нови Сад (Србија), Немања Рачиевиќ одлучил да аплицира за Еразмус Мундус мастер студии. Тој сега ја зема неговата диплома за докторски студии во Имериал Колеџ во Лондон. Дознајте повеќе за неговото искуство.

Зашто одлучивте да алицирате за Еразмус Мундус мастер студиите?

Немања- Сакав да одам во странство да студирам на мастер затоа што сакав да студирам за специфичен дел во роботиката кој што неможев да го студирам во Србија, а исто така затоа што сакав да стекнам меѓународно искуство. Преку страната на Mastersportal, најдов European Master in Advanced Robotics (EMARO), дел од Еразмус Мундус. Ми се допадна курикулуомот и одлучив да аплицирам.

 

Каков е процесот на аплицирање за Еразмус Мундус?

Немања - Ја испратив апликациската форма, моите оценки и писмата со препораки. Во оваа програма вие можете да бидете примени со стипендија или без неа но имав добри оценки во Србија и го добив грантот. Како „Заеднички дипломи по Мастер студии“, вие можете да одберете од четири земји во кои можете да студирате. Јас одбрав да ја слушам мојата прва година на Универзетот на Џенова (Италија) и втората година во Нант (Франција). Освен тоа што ја слушате втората година вие имате можност да ја напишете тезата во една од партнерските институции во Азија. Јас аплицирав да бидам во Кеио Универзитет во Токио каде ме примија, и поминав пет месеци на студии во Јапонија.

 

Кои разлики ги пронајдовте помеѓу студирањето во Србија и странски универзитет?

Немања - Квалитетот на студиите беше добар и на домашниот универзитет и на странскиот. Но колку за пример, на Универзитетот во Џенова ние работевме со подобра опрема, затоа што Универзитетот имаше повеќе финансии. Од друга страна студиите беа организирани на понезависен начин за студентите. На пример ни беше даден математички проблем да го решиме и ние моравме да најдеме начини да го решиме. Студентите работат во групи и тие се поддржуваат едни меѓу други. Тоа ми помогнаа на пример да научам италијански јазик.

 

 Дали и зашто мастер  студиите се корисни за вашата кариера?

Немања - Да. Јас ја напишав мастер тезата во Токио за Мобилна Роботика и сакав да продолжам да работам во тоа поле. Не постојат многу места каде што можете да го студирате ова. Еден од нив е Имеријал Колеџ во Лондон (Велика Британија), па затоа и јас аплицирав да студирам и бев примен. Во моментов студирам тука.

 

Дали  би го препорачале ова искуство на други млади лица?

Немања - Дефинитивно! Ова искуство ме промени многу. На лично ниво вие можете да се развиете себеси многу повеќе. Покрај јазиците кои што ќе ги научите, ќе имате контакти со различни култури ќе имате можност да ги видите нештата од различна перспектива и да бидете покруцијални. Јас мислам дека треба барем еднаш ова да го направите во вашиот живот.

Објавено: Пет, 24/06/2016 - 12:41


Tweet Button: 

Поврзани линкови


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!