Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Сакате да студирате во странство?

Дознајте за некои програми за размена и нивните критериуми за да аплицирате на Универзитетите од Западен Балкан.

Поминете еден или повеќе семестри студирајќи на Универзитет во странство и научете странски јазик, запознајте нови лица од различни култури или пак само да живеете во друга земја.

 

Во 2014, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора потпишаа делумно учество во Еразмус + програмата. Од тогаш повеќето универзитети во овие земји имаат договор со како партнер со универзитетите од Европската Унија. Тоа значи како студент, тренер или академски кадар можете да поминете еден или пак два семестри во високо образовна институција во странство.

 

Како дополнување на претходно наведеното, некои универзитети имаат билатерални договори со неколку високо образовни институции надвор од ЕУ. Вие треба само да го проверите одделот за меѓународна соработка на вашиот универзитет за да дознаете од кој вид парнтерство и во кои програми можете да учествувате.

 

Можности за размена на мобилности за студенти по докторски студии и пост-докторски студии се:

 

- Центарлна Европска Програма за размена за универзитетски студии (ЦЕЕПУС). Ова е програма која е фокусирана на заеднички дипломи, специјално на поврзани заеднички дипломи по докторски студии за студенти од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Приштина/Косово. Проверете ја националната канцеларија на ЦЕЕПУС во вашата земја.

- Еразмус Западен Балкан (ЕРАВЕБ). Ова е заедничка програма за мобилност која е понудена од осум универзитетии во Западен Балкан и шест ЕУ универзитети. Наменето е и за пост докторски стажирања за оние кои сакаат да студираат, предаваат или пак да истражуваат во странство во полето на медицината и здравството. Дознајте тука повеќе како да аплицирате?

 

Доколку не сте од земја од Западен Балкан и преферирате да не бидете дел од студентската размена, но сепак сте заинтересирани за целосна диплома како студент на Универзитет во Европа, треба да имате сертификат за завршено високо образование пред аплицирање. На пример, доколку имате дипломирано на Универзитет во Белград, вие можете да аплицирате за Мастер или докторски студии на странски универзитет.

 

Дознајте тука повеќе за тоа како да добиете студетска дозвола за престој. 

Објавено: Пет, 24/06/2016 - 10:41


Tweet Button: 

Поврзани линкови


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!