Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Добијте ја вашата студентска дозвола за престој во Европа

Дина Филиповиќ е родена во Дервента (Босна и Херцеговина) пред 29 години. Сега таа работи во Брисел (Белгија) откако завршила мастер студии во Австрија. Дознајте како таа ја добила нејзината студентска дозвола за престој.

 

„По завршување на своите додипломски студии по економија во Сараево, јас дознав за некои интересни програми за студирање во Европа на Саемот за образовние. Сметководството и Финансискиот менаџмент во Австрија ми фатија око. Јас аплицирав и после он-лајн интервју јас бев примена“.

 

Тоа е само почеток на приказната на Дина во странство.

Следниот чекор по примањето во високо образовната институција во шенген зоната беше задолжителна студентска дозвола за престој.

 

„Отидов во амбасадата на Австрија во Сараево да ја побарам оваа дозвола, но откако бев примена во средината на јули, а предавањата почнуваа во септември тие ми препорачаа да аплицирам директно во имиграциските власти на Австрија во Виена“- вели Дина - „Отидов во Австрија во септември со мојот пасош и аплицирав за мојата студентска дозвола за престој. Јас ја добив дозвола за месец и пол."

 

Освен писмото за примање на домашниот универзитет, за добивање на студентска дозвола вие треба да имате доказ дека исполнувате одредени услови. Еден од нив е тоа дека треба да имате доволна сума на пари која би ви го покрила вашиот претстој во странство како и трошоците за живот.

 

„Тоа може да се докаже доколку имате стипендија или пак работа, но исто така и банкарска гаранција или пак да имате гарантно писмо од личност која би ви покрила овие трошоци. Со други зборови вие треба да докажете дека сте спсообни да си платите вашите трошоци “.

 

Согласно на ова, во зависност од земјата, на вас можеби ќе ви требаат и други документи.

„Во  мојот случај во Австрија ми беше потребно здравствено осигурување, па така земав полиса од компанијата таму“.

 

Студентската дозвола за престој трае една година и истата ќе ви биде обновена доколку ги исполнувате условите.

„Јас најискрено препорачувам одење во странство на сите“ – вели Дина. „Имате повеќе можности да се развиете себеси, особено во професионална смисла и преку тоа и помагате на вашата фамилија и на вашата земја со споделување на вашето знаење, искуство и друг поглед кон нештата“.

Објавено: Сре, 22/06/2016 - 12:50


Tweet Button: 

Поврзани линкови


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!