Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Одете напред и искачете ги чекорите во ЕУ

Пополнувањето на хартија не може да ве одврати од вашата дестинација

Бирократијата е една од оние работи со кои мора да се справите. Во многу случаи хартијата и доцнењето можат да бидат досадни и иритирачки. Кога ќе размислите дека се сте пополниле, секогаш постои уште некој документ кој недостасува. Во оваа ситуација бидете трпеливи. Не се откажувајте од вашата авантура од толку бирократија, тоа е еден од првите чекори  и пречка која треба да се надмине за да започне вашиот сон.

 

Направете вашата диплома да биде признаена

 

Во поголем број случаи можно е  вашата диплома да е различна со оние што се издадени во земјата во ЕУ на која сакате да се преселите или да живеете. Поради тоа ве замолуваме да проверите на ЕНИЦ/НАРИЦ Центарот на следниов линк http://www.enic-naric.net/

на земјата во која што сакате вашите квалификации да ви бидат признаени. Како и да е мора да бидете свесни дека администрацијата во ЕУ земјите останува одговорна за образовниот систем и им е дозволено да се темелат на нивните правила и закони, вклучувајќи ги или не  правилата и законите за признавање на квалификациите.

 

Вашите документи за патување

Доколку сакате да патувате во Европската Унија, потребен ви е пасош и веројатно виза која има важност 3 месеци откако сте ја закажале вашата дата на пристигнување во ЕУ земјата во која сте и издадена пред 10 години. Вие можете да аплицирате за виза во конзулат или амабасада на следниов линк http://europa.eu/youreurope/citizens/national-contact-points/embassies/index_en.htm. Доколку визата е од земја во Шенген зоната, автоматски вие имате имате можност да патувате во друга земја во шенген зоната. Наместо тоа доколку сакате да посетите земја надвор од шенген зоната можеби ви е потребна национална виза, како и проверка на пасошот кога ќе стигнете на граница.

 

Граѓаните на одредени земји можете да ги видите на следниов линк http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/ALL/?uri=CELEX:32001R0539

не им е потребна виза за влез во ЕУ доколку претстојот не надминува 3 месеци. Листата на земјите на чиишто граѓани им е потребна виза за патување во Обединетото Кралство и Ирска  апликацијата е малку поразлична од оние кои што аплицираат за виза за ЕУ земјите.

 

Вашето патничко осигурување

 
Дури иако не сте националност на ЕУ, но сте жител на територијата на ЕУ земјите членки вие можете да аплицирате и да ја користите Европската Здравствена Картичка за осигурување на следниов линк http://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=559 или повремен заменски сертификат. Не треба да ве чини ништо и треба да биде спроведена од вашиот здравствен осигурител за патување. Како и да е треба да знаете дека Европската Здравствена Картичка за осигурување или повремен заменски сертификат на истата не може да се употреби за медицински третман во Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

 

Треба да имате предвид дека оваа картичка не ви гарантита бесплатни услуги. Здравствениот систем во секоја земја е различен и некои услуги кои што се бесплатни во вашата земја или вашиот град може да не бидат бесплатни во друга земја. Периодот на валидација на картичката е  поединечна одлука на секоја земја членка.

Време за истражување

 

Откако ќе завршите со бирократијатра време е да уживате во вашето патување. Дали ќе патувате или ќе одмарате не заборавајте да поминете време со оние кои што најдобро ја знаат земјата локалното население. Бидете отворени и не дозволувајте вашето влијание (стереотипови, предрасуди или клишеа) да ве спречат во вашето доживување на прекрасно искуство. Најдобриот дел на тоа што сте во странство е да бидете соочени со нови идеи, култури и мисли. Вие ќе се почувствувате поинтимни, автентични и ќе имате големо искуство на местото.

Пред  да одите на патување можеби ќе сакате истото да го испланирате. Посете ја страната на Посети ја Европа и истражете се за можностите за транспорт, како железнички мрежи или евфтини летови. Исто така можете да најдете идеи за како да го направите вашиот претстој попријатен и да бидете инспирирани од личните стории на другите за патување низ европските градови. Дознајте како да го планирате вашето патување на http://www.letsgo.com/travelresources/?lyt=banner%22%20%5Ct%20%22_blank и на водичот кој е напишан целосно од студенти и во кој ќе можете да најдете искуства од патување.

 

Како и да е сепак нема да бидете единствен странец во нов град.

Сепак постојат различни групи низ светот кои што можат да ви дадат корисни совети. Проверете на следниве линкови

https://www.justlanded.com/

http://www.expatriates.com/ или

https://www.internations.org/

Објавено: Сре, 10/08/2016 - 12:26


Tweet Button: 

Поврзани линкови


Info for young people in the western balkans

Потребни ви се помош од експерт или совет ?

Vaicājiet mums!