Европски младински портал
Информации и можности за млади луѓе низ Европа.

Вашето патување започнува од вашиот дом

Сега, можете да најдете многу информации он-лајн и да бидете во тек со можностите за мобилност, преку социјалните медиуми, но доколку ви треба личен совет или консултација пред одењето во странство, вие треба да продолжите да читате.

Некои лица ја имаат предвид можноста за волонтирање во друга земја, земање учество во младинска размена, студирање или стажирање во странство. Како и да е, некогаш е тешко да најдете информација и да започнете процесот он-лајн. За среќа, постојат многу организации кои се занимаваат со информирање на младите лица на локално ниво кои што можат да ви помогнат да го започнете вашето меѓународно искуство од вашиот дом.

 

 “Информаицјата е подлабока и полесна за разбирање кога ќе ја добиете лично”, вели Ира Топали, од организацијата “Beyond Barriers“, една од Еразмус + контакт точките во Албанија. „Дури иако не е тешко да се добие информација за Евроспките програми за мобилниост он-лајн, секој е поканет да дојде во нашите канцеларии во било кој момент и ние ќе ви објасниме се од чекор а до чекор ш. Исто така органзиараме и активности за дисеминација: на пример, кога младите лица ќе ги пратиме на младинска размена и кога истите ќе се вратат, ние ги покануваме сите во нашата канцеларија за да го чујат нивното искуство и да им постават прашања”.

 

Во оваа смисла, проект координаторот на ЕВС акредираната организација Don Bosko centre во Подгорица (Црна Гора), Јела Радович, вели дека “ постои контакт точка во организацијата испраќач која испраќа лица за Европски волонтерски сервис, лицата можат да договорат состанок со некој од асоцијацијата кој е поблизок до нив за да добијат повеќе информации. Проверете ја вашата најблиска ЕВС организација на следниов линк EVS sending organisation

 

Освен тоа, доколку сакате да проверите за други можности во странство, постојат многу организаци  кои се слободни. Една од нив е платформата Mladiinfo.eu која промовира слободни можности за младите лица во странство, како што се стипендии, стажирања или тренинзи и семинари. Тие се основани во Скопје, Република Македонија, но имаат отворени канцеларии во различни земји како што се Албанија или Црна Гора. Доколку сакате да дознаете повеќе за можности за во странство можете да пратите емаил  и да прашате за конултативна средба, на која што личност од органзиацијата може да ви помогне да најдете соодветна програма.

 

Стефан Алиевич, од Младиинфо, верува дека поминат период од вашиот живот студирајќи во странство или волонтирајќи во странство е искуство кое би ви променило вашиот живот и е многу корисно за вашиот личен развој. „Тоа е уникатна можност за градење на пријателства надвор од границите и институциите или да се вљубите во една земја или нова култура додека учите нешто корисно и го проширите вашето знаење. Добро е да се проба колку што можете повеќе додека сте млади.”