Skip to main content

DiscoverEU

If you're 18 and a resident in an Erasmus+ Programme country, it's time to expand your comfort zone

DiscoverEU

Ви благодариме за заинтересираноста. Во моментот пролетното пријавување за DiscoverEU e завршено. Резултатите беа објавени во мај 2022 година, а учесниците беа соодветно известени. Следниот циклус за пријавување ќе биде отворен на есен 2022 година (точните дати ќе бидат објавени подоцна). Бидете подготвени ако имате 18 години или ќе наполните 18 години во 2022 година. На есен ќе бидат достапни нови 35.000 патувања од DiscoverEU и соодветно на тоа ќе бидат ажурирани информациите, правилата и најчесто поставуваните прашања!

Дали имате 18 години и сте правен резидент на една од земјите членки на ЕУ или третите земји поврзани со Еразмус+? Подгответе се да ја истражите Европа! DiscoverEU се гордее што е дел од семејството на програмата Еразмус+ и што ќе придонесе за Европската година на младите 2022 со многу повеќе патувања и можности! 

Што претставува DiscoverEU?

DiscoverEU е акција од програмата Еразмус+ која што Ви дава можност да ја откриете Европа преку искуства на учење. Патувајќи главно со воз (дозволени се исклучоци за оние кои што живеат на островите или во далечните региони), Вие ќе ги откриете неверојатните пејсажи на Европа и нејзината разноликост на градови. Можете да се пријавите на двата циклуси за пријавување кои што се одвиваат секоја година. На успешните апликанти им се доделува патување.

Како 18 годишен резидент на Европската унија или една од третите земји поврзани со програмата Еразмус+, како што е Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција, DiscoverEU Ви нуди можност да учествувате во патувачко искуство кое што ќе Ви овозможи да ја истражите разновидноста на Европа, да научите повеќе за нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзете со луѓе од целиот континент. Исто така, DiscoverEU Ви овозможува, како на млад човек, да ги развиете животните вештини кои ќе Ви бидат важни за во иднина, како што е независност, самодоверба и отвореност кон други култури.  

НОВО! Како и во првиот циклус на пријавување за 2022 година, избраните учесници ќе добијат картичка за попусти DiscoverEU со попусти за културни посети, активности за учење, спорт, локален транспорт, сместување, храна итн.

Кога е следниот циклус?

Повеќе од 130.000 млади луѓе добија патување од првиот циклус на пријавување во јуни 2018 година. Нов циклус ќе се одвива од четврток 7 април 2022 во 12:00 (CEST) до четврток 21 април 2022 во 12:00 (CEST). На главниот ден ќе се појави копче „Пријави се сега“ на оваа страница! 

За да можете да се пријавите, потребно е:

  • да сте родени помеѓу 1 јули 2003 (вклучително) и 30 јуни 2004 (вклучително);
  • да го внесете точниот број на лична карта, пасош или карта за правен резидент во онлајн формуларот за пријавување;
  • да бидете правен резидент*, во времето на донесување на одлуката, на една од следните земји: 

          - една од земјите членки на Европската унија вклучувајќи ги и прекуморските земји и територии или
- една од третите земји поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција. 

*За повеќе информации видете го делот за Правилата „2. Погодни апликанти“

Потоа ќе треба да учествувате во квиз (освен ако не сте се пријавиле како член на група).

Ако бидете избрани, ќе можете да патувате во период од минимум 1 ден до максимум 30 дена помеѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година

Имајте предвид дека ако имате попреченост или здравствен проблем кој што го прави Вашето патување предизвикувачко, тогаш ќе добиете помош и поддршка за да Ви се помогне да учествувате во акцијата. Проверете го нашето НПП C.13 за да дознаете повеќе.

Дали сте премлади за да учествувате во овој циклус? Не грижете се! Секоја година ќе има циклус на есен и на пролет.

Дали можам да патувам со моите пријатели?

Да, можете! Навистина зависи од Вас. Можете да одите сами или да додадете максимум до 4 пријатели во Вашата група ако истите ги исполнуваат горенаведените услови за погодност. Тие ќе го користат Вашиот код на пријава за да ја поднесат својата сопствена пријава. Проверете ги нашите НПП Б.5 до Б.11 за да дознаете повеќе.

Можете, исто така, да комбинирате планови за патување со други патувачи на DiscoverEU! Фејсбук групата DiscoverEU е добра платформа за да се направи тоа. Придружете се на групата сега за да разговарате со другите учесници.

Откако ќе бидете избрани, националните агенции на Еразмус+ ќе Ви помогнат да се поврзете и да научите, преку организирање на средби пред патување и средби меѓу патувачите.


„Надвор има цел свет. Спакувајте го Вашиот ранец, Вашиот најдобар пријател и тргнете.“

 

Споделете ги искуствата 

Како амбасадот, на DiscoverEU, ќе Ве поканиме да ги споделите Вашите искуства од патувањето преку алатките на социјалните мрежи – Инстаграм, Фејсбук и/или Твитер – користејќи #DiscoverEU. Можете да изберете да направите презентација во Вашето училиште или локална заедница. Уште повеќе, можете да учествувате во натпреварот за слика/видео на #DiscoverEU и да освоите одлични награди. 

Сакам да знам повеќе!

Заинтересирани за претходните циклуси на пријавување? Проверете ги фактите за DiscoverEU за да прочитате повеќе за акцијата и искуствата од некои од младите патувачи на DiscoverEU.

 

Европа е под твоите стопала. Преземи го првиот чекор.
 

 

Inspiring TedX video from Vincent-Immanuel Herr