Skip to main content

DiscoverEU

If you're 18 and a resident in an Erasmus+ Programme country, it's time to expand your comfort zone

Правила на натпреварот DiscoverEU

Ви благодариме за заинтересираноста. Во моментот пролетното пријавување за DiscoverEU e завршено. Резултатите беа објавени во мај 2022 година, а учесниците беа соодветно известени. Следниот циклус за пријавување ќе биде отворен на есен 2022 година (точните дати ќе бидат објавени подоцна). Бидете подготвени ако имате 18 години или ќе наполните 18 години во 2022 година. На есен ќе бидат достапни нови 35.000 патувања од DiscoverEU и соодветно на тоа ќе бидат ажурирани информациите, правилата и најчесто поставуваните прашања!

1. Опис

DiscoverEU е акција од програмата Еразмус+. Таа има за цел да им понуди на младите луѓе на 18 годишна возраст искуство со патување кое што ќе го зајакне нивното чувство за припаѓање на Европската унија, ќе им овозможи да ја истражат разноликоста на Европа, нејзиното културно наследство и историја, како и да ги поврзе луѓето од целиот континент и на крајот да се откријат самите себеси. 

Во април 2022 година, Европската комисија и Европската извршна агенција за образование и култура (ЕИАОК, анг: EACEA) ќе изберат најмалку 35.000 млади луѓе кои што ги исполнуваат критериумите за погодност опишани подолу. Младите луѓе може да се пријават на Европскиот младински портал. Периодот на пријавување ќе биде отворен од четврток 7 април 2022 година во 12:00 (CEST) до четврток 21 април 2022 година во 12:00 (CEST).

Европската комисија ќе им додели на младите луѓе патување за да ја истражуваат Европа помеѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година за период од максимум еден месец. 
Како основно правило, наградените апликанти ќе патуваат со воз. Сепак, со цел да се обезбеди најширок можен пристап, проектот нуди алтернативни начини на превоз, како траекти и автобуси кога тоа е неопходно и притоа се земаат предвид околината, времето и оддалеченоста. 

Во исклучителни ситуации, а кога не се достапни други транспортни средства, дозволено е патување со авион. Ова ќе им овозможи на младите луѓе кои што живеат во далечни региони или на островите да имаат шанса да учествуваат во DiscoverEU. 
Како и во првиот циклус на пријавување во 2022 година, наградените учесници ќе добијат исто така и картичка за попуст DiscoverEU. Валидноста на истата ќе биде соодветно на нивниот период на патување. Оваа карта ќе им даде попусти за посети и активности во културата, учење, природа, спорт, локален транспорт, сместување, храна итн. 

2. Погодни апликанти

За да можете да се пријавите, апликантите мора:

  • да имаат 18 години на 1 јули 2022 година, т.е., оние млади луѓе кои што се родени помеѓу 1 јули 2003 година и 30 јуни 2004 година (вклучително);
  • да бидат, во времето на донесувањето на одлуката, граѓани или долготрајни правни резиденти на една од: 

- 27-те земји членки на Европската унија вклучувајќи ги и нејзините надворешни региони (Француска Гвајана (ФР), Гвадалупе (ФР), Мартиники (ФР), ла Реунион (ФР), Мајот (ФР), Свети Мартин (ФР), Азурите (ПТ), Мадеира (ПТ) и Канарските острови (ЕС)) или;
- третите земји поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција или;
- граѓанин на една од 27-те земји членки на Европската унија, како и правни резиденти на една од прекуморските земји и територии поврзани со Европската унија: Аруба (НЛ), Бонаир (НЛ), Куркао (НЛ), Француска Полинезија (ФР), Француски јужни и антарктички територии (ФР), Гренланд (ДК), Нова Каледонија (ФР), Саба (НЛ), Свети Бартоломеј (ФР), Свети Еустатиус (НЛ), Свети Мартен (НЛ), Свети Пјер и Микелон (ФР), Валис и Фортуна острови (ФР).

  • да го внесете правилниот број на лична карта или број на пасош или број на траен резидент во онлајн формуларот за пријавување.

Ако бидете наградени, избраните апликанти може да патуваат само ако: 

  • го започнат нивното патување во некоја од земјите погодни за DiscoverEU (види погоре) во времето на донесување одлука;
  • планираат да патуваат од 1 ден, па се до еден месец;
  • планираат да патуваат во најмалку една странска земја погодна за DiscoverEU (видете погоре) во времето на донесување на одлуката за наградување;
  • сакаат да станат амбасадори на DiscoverEU. 

Било кој апликант кој што не ги исполнува критериумите за погодност, нема да биде земен предвид во процесот на селекција. 

DiscoverEU започна како подготвителна акција иницирана од Европскиот парламент (2018-2020) со цел да им се обезбедат патувања и можности за движење на младите луѓе кои што имаат наполнето 18 години. 

По нејзиниот успех во пилот фазата DiscoverEU се приклучи на програмата Еразмус+ (2021-2027).

3. Постапка на пријавување

Циклусот на пријавување за DiscoverEU е отворен преку специјален онлајн образец за пријавување на Европскиот младински портал. Не е можно да се поднесе пријава пред или по периодот на пријавување.

Има 7 чекори за оваа постапка за пријавување:

  1. Апликантите ќе мора прво да го поминат тестот за погодност, кој значи дека ќе мора да внесат датум на раѓање, националност и правна резидентност. Ако податоците не се во согласност со правилата за погодност наведени под точка 2 „Погодни апликанти“, тие нема да можат да продолжат кон следниот чекор. Исто така, од нив ќе се побара да се согласат со правилата на DiscoverEU натпреварот, да се согласат нивните лични податоци да бидат чувани и обработувани за целите на натпреварот DiscoverEU, како и да се согласат да бидат контактирани во врска со DiscoverEU од страна на Европската комисија и организациите овластени од неа за тие цели, како и од ЕИАОК и националните агенции на Еразмус+ и Еуродеск.
  2. Апликантите ќе мора да наведат дали тие сакаат да патуваат сами или во група од максимум 5 луѓе.
  3. Апликантите ќе треба да обезбедат валидна е-меил адреса. Откако ќе го направат тоа, ќе добијат автоматска порака од Европскиот младински портал со цел да потврдат дали е-меил адресата е валидна. Оваа верификација е потребна заради комуникацијата со апликантите по изборот која што ќе се одвива преку е-меил. Со барањето од апликантите да ја потврдат нивната е-меил адреса, Европската комисија спречува неовластено користење на е-меил адреси од други луѓе.
  4. По потврдувањето на нивната е-меил адреса, младите луѓе ќе треба да пополнат образец за пријавување. Прво, тие ќе треба да ги дадат своите лични податоци: националност, дата на раѓање, име, презиме, пол, е-меил адреса, телефонски број, земја на правен резидент, регион занимање и број на лична карта, пасош или број на правен резидент. Младите луѓе со намалена подвижност и/или попреченост ќе имаат можност да ги назначат нивните посебни потреби.
  5. Откако ќе ги пополнат нивните лични податоци, сите апликанти треба да одговорат на квиз од 5 прашања со избор на повеќе одговори за општото знаење во врска со Европската унија и другите нејзини иницијативи кои се однесуваат на младите луѓе. На крајот, ќе треба да одговорот крајно прашање. Апликантите ќе бидат избрани до дозволениот буџет и ќе бидат рангирани согласно нивните одговори.
  6. Апликантите ќе треба да дадат дополнителни информации за нивните планови за патување (т.е. кога планираат да го започнат патувањето, дали им е прв пат да патуваат сами без родителите, што сакаат да научат од тоа искуство, како ќе го финансираат патувањето и како дознале за DiscoverEU). Информациите внесени во овој дел не се обврзувачки и нема да имаат влијание врз процесот на избор. Собраните податоци ќе се користат за статистички цели и како информација за Европската комисија со цел подобрување на DiscoverEU.
  7. Сите апликанти ќе добијат потврда по пат на е-меил преку Европскиот младински портал, откако ќе ја поднесат нивната пријава. Овој е-меил ќе ги изведи дека нивната пријава е регистрирана и ќе го добијат кодот на пријавата и времето за доставување на одлуката за избор.

Секој ќе добие код по поднесување на образецот за пријавување. Апликантите треба да го чуваат овој код на пријава за понатамошната комуникација. Ако апликантот сака да покани луѓе да се придружат на неговата/нејзината група, тогаш тој/таа станува лидер на група и ќе треба да им го даде кодот на другите членови на групата за да можат тие да се регистрираат. Врз основа на кодот даден на лидерот на групата, другите членови на групата ќе треба да се треба да се регистрираат онлајн и да ги пополнат нивните лични податоци. 

Ве молиме имајте предвид дека членовите на групата не треба да учествуваат во квизот и последното прашање бидејќи само лидерот на групата треба да ги пополни истите. Сепак, тие треба да ги пополнат нивните лични податоци со цел да се потврди нивната пријава. Членовите на групата треба да ги исполнуваат истите критериуми на погодност: 18 годишна возраст и правен резидент на една од земјите членки на Европската унија или една од третите земји поврзани до програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција во времето на донесување на одлуката за избор. Ако апликантите назначиле дека сакаат да патуваат сами, тие сепак може да додадат пријатели по поднесувањето на пријавата и пред крајниот рок, ако ја следат истата процедура наведена погоре.

Групата пријава ќе се смета како една пријава. Откако членовите на групата ќе ја пополнат пријавата со користење на кодот обезбеден од лидерот на групата, истата ќе биде земена предвид за избор. Членовите на групата не треба да се регистрираат индивидуално. 

Групите може да бидат составени од лица од различни националности кои живеат на различни локации.

Може да биде поднесена само една пријава за едно лице. Првата регистрирана пријава во Европскиот младински портал ќе се смета за единствена при процесот на избор. Индивидуалците не може да се пријавуваат во различни групи. Ако во било која фаза се откријат повеќе пријави, тогаш само првата која што е регистрирана во Европскиот младински портал ќе се земе предвид. 

Младите луѓе кои што биле избрани за патување од DiscoverEU во некој од претходните циклуси за пријавување, не може да поднесат втора пријава. Ова ќе биде откриено во фазата на поднесување. Ако во некоја фаза од примената на активностите, бидат откриени пријави од млади луѓе на кои им било доделено патување од DiscoverEU во некој од последните циклуси на пријавување, од страна на договарачот кој што е назначен од Европската комисија за да се грижи за резервациите за патување или од самата Европска комисија, апликантот ќе биде дисквалификуван.

4. Постапка на избор и критериуми за избор

Постои квота за патувања за секоја земја посебно. Распределбата е врз основа на програмата Еразмус+, клучната акција 1, распределбата според индивидуалната подвижност на „младите“.

Процесот на избор ќе се врши согласно правната резидентност наведена од апликантот во формуларот за пријавување. Во случај ако има помалку пријави од фиксната квота за земјата, останатите патувања ќе бидат прераспределени за апликантите кои што живеат во земји со повеќе пријави од фиксните квоти.

Резидентноста на лидерот на групата ја определува резидентноста која што ќе биде земена предвид за пресметување на квотите. Ако некоја група е последна во листата на избрани апликанти за една држава, а квотата за истата е пополнета, тогаш ќе биде избрана целата група.

Апликантите прво ќе треба да ја поминат проверката за погодност на критериуми, т.е. соодветни датуми на раѓање и соодветна резидентност наведени под точки 2 и 3. Ве молиме имајте предвид дека ова ќе биде автоматски оценето во текот на пријавувањето, а доставените податоци ќе бидат двојно проверени откако ќе биде назначен договарач од Европската комисија кој што ќе се грижи за резервации за патување. Ако при проверка на личната карта, пасошот и/или документот за правен резидент, договарачот открие дека апликантот дал лажна изјава, тој/таа ќе бидат исклучени од натпреварот.

Ако критериумите за погодност се исполнети, апликантите потоа ќе треба да ги исполнат критериумите за избор, т.е., да дадат точни одговори на 5 прашања со избор на одговори и да го одговорат последното прашање. Во случај ако има група, само лидерот на групата ќе треба да ги одговори 5-те квиз прашања и последното прашање.

Апликантите ќе бидат групирани по резидентност и ќе бидат рангирани според точните одговори на 5-те квиз прашања, а потоа според одговорот на последното прашање.

По завршувањето на периодот за пријавување, резултатите ќе бидат извадени од Европскиот младински портал и ќе бидат испратени до членовите на избирачкиот комитет за нивна крајна оценка.

Ако има премалку пријави (индивидуални или групни) тие ќе бидат еднакво рангирани на последната точка утврдена од фиксната квота, потоа како последна мерка Европската комисија ќе го примени принципот на „прв дојден прв услужен“ за да го утврдат последното место. Ова е само мерка на претпазливост, оваа ситуација се нема случено во изминатите циклуси на пријавување

5. Комитет за избор

Избирачкиот комитет составен од вработени во Европската комисија и ЕИАОК ќе се состане на крајот од циклусот за пријавување. Тие ќе ги разгледаат резултатите од изборот врз основа на критериумите за избор поставени погоре. Тие ќе ги оценат и ќе постават финално рангирање на избраните апликанти кои што ќе бидат избрани за патување врз основа на нивните одговори на квизот и последното прашање, земајќи ја предвид квотата за секоја земја. Откако ќе биде направена селекцијата, се поставува резервна листа. Апликантите на оваа резервна листа може да бидат избрани за патување во случај кога има нераспределен преостанат буџет или кога избраните апликанти ќе се одречат од нивните патувања (видете точка 7).

Врз основа на проценката од избирачкиот комитет, Европската комисија и ЕИАОК ќе донесат одлука за избор со информација за вкупниот број на доделени патувања, вкупниот буџет кој што е распределен за патувања, листата за избраните апликанти и резервната листа. 

6. Известување за резултати

На крајот на процесот за избор, сите апликанти ќе добијат известување преку е-меил во кој што ќе биде наведено:

  • тие се избрани како победници („избрани апликанти“)
  • тие не се избрани и се ставени на резервната листа

Откако избраните апликанти ќе бидат известени, листата со оние кои што се избрани ќе биде доставена до договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК, кој што ќе се погрижи за резервација на патувањата. Потоа ќе биде воспоставена комуникација помеѓу овој договарач и избраните апликанти. Повеќе информации може да бидат најдени во точка 8.

Апликантите, исто така, ќе можат да потврдат на Европскиот младински портал дали биле избрани или не користејќи го својот код на пријава.

7. Резервна листа

Сите апликанти кои што не се избрани, ќе бидат поставени на резервна листа во опаѓачки редослед на нивното ренгирање според одговорите на квизот и последното прашање. Во случај ако избраните апликанти ја повлечат нивната пријава или вредноста на избраното патување е пониска од достапниот буџет, Европската комисија и ЕИАОК може да доделат патување на апликантите кои што се поставени на резервната листа сè до целосно искористување на достапниот буџет. Трошењето на буџетот ќе биде проверувано секој месец.

Вклучувањето на резервната листа не создава обврска вис-а-вис Европската комисија, ниту со ЕИАОК и не гарантира дека ќе бидете избрани во следната фаза.

Неизбраните апликанти на резервната листа може да бидат контактирани од договарачот назначен од Европската комисија за да ги организира резервациите за патување со покана да се регистрираат на платформата за резервирање. Оние кои што ќе бидат контактирани на крајот од проектот, поради тоа што се ставени на резервната листа, не може да бараат надоместување за патувањата направени пред поканата, ниту пак да бараат продолжување на периодот за патување.

8. Резервирање на билети за патување и правила на патувањето

Избраните апликанти ќе го започнат патување во земјата која што е дел од DiscoverEU (види точка 2 – погодни апликанти) и ќе патуваат во најмалку една земја, која што исто така е дел од DiscoverEU и која што е различна од земјата на тргнување. Патувањето може да се користи во земјата на живеење на апликантот само за надворешно и внатрешно патување. Младите луѓе може да патуваат од 1 ден до еден месец. Периодот на патување ќе се одвива помеѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година. Во текот на едномесечниот период на патување, младите луѓе имаат точно утврдени денови кога може да патуваат. 

Патувањата за избраните апликанти ќе бидат резервирани, купени и доставени од страна на договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК. Избраните апликанти не треба во никој случај да резервираат патувања самите или преку туристичка агенција. Патувањата купени директно од избраните апликанти нема да бидат надоместени. 

Договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК ќе ги контактира избраните апликанти и ќе им даде пристап до мобилната апликација. Оваа апликација ќе им обезбеди пристап до поддршка и ќе им даде предлози за учесниците да ги креираат нивните планови и да го подготват своето патување. Во мобилната апликација, ќе биде достапна и дигитална картичка за попуст од DiscoverEU за сите учесници.

Оваа картичка ќе им овозможи разни попусти и бенефити во сите земји од програмата Еразмус+. Договарачот ќе го избере најдобриот и најсоодветниот транспортен оператор.

Како основно правило, избраните апликанти ќе имаат избор да изберат помеѓу следните 2 можности за патување:

Флексибилна можност за патување

Фиксна можност за патување

Датумите на кои патувањето на избраните апликанти е флексибилно сè додека истото не биде активирано од апликантот.  Избраните апликанти ќе му го кажат на договарачот нивното посакувано патување со фиксни денови и време на патување, како и претходно утврдени дестинации. Датумите и дестинациите за патување не може да се менуваат откако ќе биде резервиран фиксниот билет. Патувањето треба да се одржи во период од максимум еден месец.
Избраните апликанти ќе може да патуваат за период од максимум еден месец, со утврден број на денови за патување. Флексибилната можност за патување им овозможува на избраните апликанти да патуваат до онолку погодни земји колку што сакаат. Избраните апликанти ќе може да посетат до 2 земји кои што се дел од Европската унија или трети земји поврзани со програмата Еразмус+ (види точка 2) во времето на донесување на одлуката (ова не ја вклучува нивната земја на тргнување и земјите на преминување) за период од максимум еден месец.

Откако ќе биде активирано патувањето, избраните апликанти може да патуваат во последователни денови или да ги разделат деновите на патување во периодот од еден месец. Тие може да патуваат со возови управувани од европските железнички компании, како и со некои траекти и други начини на превоз избрани од договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК. Ве молиме имајте предвид дека за одредени возови може да биде потребно или да нудат резервација на место. Трошокот за резервација на место не е вклучен во флексибилното патување. Од страна на Европската комисија или ЕИАОК не се надоместуваат резервациите за место или други трошоци настанати во текот на патувањето.

Сите трошоци за резервации се вклучени во фиксната можност за патување, но постои вкупен буџет за тоа од 251 евро кој што треба да се запази. Избраните апликанти треба да бидат сигурни дека нивниот план е изводлив.

За двете можности:

  • Постои ограничување на буџет од 251 евро кое што треба да се почитува, освен во исклучителни ситуации наведени подолу.

Откажувањата на плановите не се дозволени. Од страна на Европската комисија или ЕИАОК не се покриваат дополнителни трошоци или други трошоци за време на патувањето. Избраните апликанти кои што сакаат да патуваат за Кипар, Исланд, Ирсла или Малта треба да го информираат договарачот откако ќе биде спроведен специјален повик за сите избрани и резервирани учесници. Квотата која што е спомната во Анекс 1 ќе се применува за оние кои што патуваат од Кипар, Исланд, Ирска и Малта. Тројно од оваа квота ќе се применува за избраните апликанти кои што сакаат да патуваат за Кипар, Исланд, Ирска и Малта, а билетите за авион за овие посебни дестинации ќе бидат резервирани на принципот „прв дојден, прв услужен“. 

Младите луѓе кои што живеат во земја која што е дел од Европската унија или третите земји поврзани со програмата Еразмус+ (видете точка 2) кои што имаат задолжителна граѓанска или воена служба, ќе може да добијат одложување на периодот на патување. Во овој случај, периодот на патување ќе биде продолжен за 6 месеци по завршувањето на нивните правни обврски.

9. Начин на превоз

Избраните апликанти по правило ќе патуваат со воз. Сепак, со цел да се обезбеди најширок можен пристап, DiscoverEU треба да понуди и алтернативни начини на превоз, како што се траекти или автобуси кога тоа е неопходно, а притоа да се земат предвид условите на околината, времето и оддалеченоста. Патувањето ќе биде во втора класа.
Само во посебни ситуации ќе биде дозволено патување со авион. Ова е во случај кога младите луѓе живеат во:

  1. Во деветте надворешни региони (на пр., Гвадалупе, Француска Гвајана, Мартиники, ла Реунион, Мајот, Свети Мартин, Мадеира, Азурите и Канарските острови);
  2. Во прекуморските земји и територии на ЕУ (Аруба, Бонаир, Куракао, Француска Полинезија, Гренланд, Нова Каледонија, Саба, Свети Бартоломеј, Свети Еустатиус, Свети Мартен, Свети Пјер и Микелон, Валис ет Футуна)
  3. Во земјите/регионите кои што не се достапни со претходно наведените превозни средства (воз, траект, автобус);
  4. Кога младите луѓе треба да патуваат повеќе од 18 часа со земјен или морски превоз пред да ја преминат најблиската граница на нивната земја на живеење.

Само нивното влезно и излезно патување може да биде со авион. За остатокот од патувањето, учесниците ќе треба да патуваат согласно основното правило (воз или други алтернативни превозни средства).

Младите луѓе од надворешните региони и прекуморските земји и територии може да изберат било која дестинација која што ги исполнува барањата. Избраните апликанти кои што сакаат да патуваат во надворешните региони и прекуморските земји и територии можат да го направат истото ако нивното патување се вклопува во ограничувањето на буџетот од 251 евро.

Избраните апликанти кои што се резиденти на Кипар, Исланд, Ирска или Малта може да патуваат со авион за да дојдат до Европа.

10. Максимална вредност на билетите за патување

Избраните апликанти ќе добијат само патување до избраната дестинација и картичка за попуст DiscoverEU. Сместувањето, егзистенцијата, осигурувањето, додатоците за патувањето или било кои други трошоци поврзани со истото ќе бидат покриени од самите избрани апликанти.

Основното правило е дека секој избран учесник ќе добие максимално финансирање на неговото патување од 251 евро. Патувањето ќе биде само во втора или економска класа. Сепак, овој износ може да биде поголем во посебни случаи како што се:

  • За избраните апликанти кои што патуваат од надворешните региони на ЕУ и прекуморските земји и територии до Европа. Откако ќе дојдат на тло на Европа, се применува основното правило;
  • За избраните апликанти кои што се надвор од наведените географски зони кои што треба да патуваат со авион за да дојдат на тло на Европа. Откако ќе дојдат на тло на Европа, се применува основното правило;
  • Во некои посебни ситуации кои што ќе бидат оценувани во секој посебен случај (на пр., за избрани апликанти кои што живеат на други острови кои што се дел од земјите на програмата Еразмус+) може да биде покриено дополнително патување со воз/траект/автобус.

За избраните апликанти со намалена подвижност и/или посебни потреби: може да бидат покриени трошоци за посебна помош (придружно лице, куче за избраните апликанти со проблеми со видот итн.), врз основа на соодветна документација за оправдување на нивните посебни потреби, како што тоа се бара согласно националното право на нивната земја.

11. Индикативна временска рамка

Почетен датум на регистрација Четврток 7 април 2022 (12:00 CEST)
Краен датум на регистрација Четврток 21 април 2022 (12:00 CEST)
Комитет за избор Мај 2022 година
Известување за избор До средината на мај 2022 година
Прв датум на заминување Петок 1 јули 2022 година
Последен датум на враќање петок, 30 јуни 2023

12. Повлекување или откажување на патувањето од избраниот учесник

Секое патување ќе биде со точно утврдено име и не може да биде пренесено на друго лице под никакви услови. Името на наградата патување не може да биде променето.

Ако избраниот учесник се откаже од било кои причини пред договарачот, назначен од Европската комисија, да го резервирал патувањето, неговото/нејзиното место ќе биде доделено на некој друг од резервната листа по опаѓачки редослед на избор. Избраните апликанти треба да го известат договарачот пред било што да биде резервирано.

Ако член на група (лидер на група или член на група) го откаже патувањето пред договарачот на Европската комисија да го резервира патувањето, ова откажување нема да влијае на целата група. Останатите членови на групата ќе може да патуваат како што планирале. Сепак, лицето кое што се откажало не може да биде заменето. Дополнителното патување ќе биде доделено на лице од резервната листа во опаѓачки редослед на избор.

Прифатливо е доколку некои членови од групата на крајот решат да патуваат сами, при што истото нема да влијае на целата група.

Патувањето не може да се претвори во пари, ниту да се рефундира. Флексибилното патување нуди отворен датум за започнување на патувањето, давајќи им на патниците можност да го сменат датумот во било кое време пред назначениот прв ден на патување.

За фиксните патувања, откажувањата и/или измените се предмет на правилата и условите на операторот при што таксите треба да бидат подмирени од апликантите.

13. Виша сила

Во случај ако патувањето е нарушено поради непредвидливи исклучителни ситуации или настани кои се надвор од контрола на учесникот, а не се резултат на негова/нејзина грешка или небрежност, ќе се додели ново патување. Договарачот на Европската комисија и ЕИАОК ќе ги процени овие посебни ситуации за секој случај посебно.

14. Повратно известување за патувањето

Европската комисија сака да добие повратен одговор од избраните апликанти и ги охрабрува младите патници од DiscoverEU да ги споделат нивните искуства и авантури. Откако ќе бидат избрани, избраните апликанти ќе станат амбасадори на DiscoverEU акцијата. Тие се повикуваат да дадат повратен одговор за искуството од нивното патување, на пример преку социјалните мрежи како Инстаграм, Фејсбук и Твитер или преку презентација во нивното училиште или во локалната заедница. Мобилната апликација ќе им овозможи да креираат прилагодена мапа за планот за патување со статистика (како што е број на искористени возови, број на посетени земји и заштеда на јаглерод диоксид). Ова може да биде споделено и објавено на социјалните медиуми на крајот од патувањето. 

Апликантите се добредојдени да се приклучат на официјалната Фејсбук група #DiscoverEU. Младите патници, исто така, ќе треба да дадат повратен одговор во онлајн анкетата испратена од договарачот на Европската комисија по нивниот период на патување. По нејзиното пополнување, патниците ќе добијат сертификат за учество кој што е автоматски генериран и во кој се нагласени способностите и вештините стекнати благодарение на нивното искуство со патувањето.

15. Виза 

Во зависност од Вашето државјанство и Вашето планирано патување (не-Шенген зона), на учесниците е можно да им е потребно една или повеќе визи. Давањето на визата е надлежност на државите. Ги советуваме учесниците да се информираат од официјални извори и навремено да ги достават своите барања однапред. Добивањето на виза може да трае неколку седмици. Апликацијата за патување DiscoverEU и нејзиниот центар за помош ќе Ви понуди помош за ова прашање. Во секој случај, учесниците се одговорни да ги подготват своите документи пред да патуваат. 

Европската комисија, ЕИАОК и договарачот не се во позиција да влијаат на одлуките на националните власти во однос на визите.

Трошоците за издавање на виза ќе бидат покриени од DiscoverEU. 

Кога за добивање на виза е задолжително имање на здравствено осигурување, истото ќе биде обезбедено од договарачот. Поврзаните трошоци ќе бидат покриени од DiscoverEU.

16. Осигурување

Избраните апликанти се советуваат да обезбедат соодветно здравствено и патничко осигурување за текот на целото патување. Основното здравствено осигурување е обично обезбедено од националното здравствено осигурување на учесникот за време на неговото/нејзиното патување со DiscoverEU преку европската здравствена картичка за осигурување. 

Сепак, покритието од европската здравствена картичка за осигурување или приватното здравствено осигурување може да не ги опфаќаат сите можни случаи, особено ако е потребна репатријација или посебна медицинска интервенција. Во тие случаи, се препорачува сеопфатно осигурување.

17. Одрекување од одговорност

Европската комисија и Европското образование, како и ЕИАОК ќе обезбедат само средства за патувањето, картички за попуст и средства за виза како што е објаснето погоре во ситуации кога истото е потребно. Поради тоа, сместувањето, егзистенцијата, основното осигурување, додатоците за патување или било кои други трошоци поврзани со патувањето ќе бидат покриени од самите избрани апликанти.

Европската комисија, ЕИАОК и нивниот договарач, нема да бидат одговорни за било каква штета предизвикана или поднесена од било кој од избраните апликанти на натпреварот, вклучувајќи ја и штетата кон или од трети лица настаната како последица од или за време на примената на активностите.

Европската комисија, ЕИАОК и нивниот договарач нема да бидат одговорни за било каква материјална, нематеријална или физичка штета нанесена на избраните апликанти или оние кои ги придружуваат во текот на патувањето или за време на нивниот престој.

Посакуваното патување е предмет на ограничувања во однос на буџет, време и достапен број патувања. Поради тоа, истото може да биде предмет на промена, а надворешниот договарач назначен од Европската комисија и ЕИАОК не може да гарантира дека посакуваното патување ќе бидат исполнети.

Избраните апликанти се советуваат да обезбедат соодветно здравствено и патничко осигурување за текот на целото патување. Основното здравствено осигурување е обично обезбедено од националното здравствено осигурување на учесникот за време на неговото/нејзиното патување со DiscoverEU преку европската здравствена картичка за осигурување. Сепак, покритието од европската здравствена картичка за осигурување или приватното здравствено осигурување може да не ги опфаќаат сите можни случаи, особено ако е потребна репатријација или посебна медицинска интервенција. Во тие случаи, се препорачува сеопфатно осигурување. Европската комисија и ЕИАОК го задржуваат правото да ги изменат правилата поставени во точка 10 и 11 во случај на исклучителни ситуации.

18. Применливо право

Овој натпревар се одвива според законите на ЕУ. Судот на правдата на Европската унија ќе има единствена надлежност во случај на спор помеѓу Унијата и било кој корисник во врска со интерпретацијата, примената или валидноста на правилата на овој натпревар, ако истиот не може да биде решен спогодбено.

19. Заштита на податоци

Бараните податоци ќе се користат само за избор на апликанти, овозможувајќи им да резервираат билети за патување и обезбедувајќи им услуги поврзани со DiscoverEU како што е циклусот за учење на DiscoverEU или промотивните кампањи на DiscoverEU. Учесникот може во овој случај да биде контактиран од Европската комисија и организациите овластени од Европската комисија, како и ЕИАОК, Националните агенции на Еразмус+ и Еуродеск.

Сите лични податоци ќе бидат обработувани од Европската комисија и ЕИАОК согласно Регулативата (ЕУ) 2018/1725 од Европскиот парламент и Советот од 23 октомври 2018 (надоградена Регулатива (ЕК) бр. 45/2001) и согласно „известувањата од процесните оператори“ до службеникот за заштита на податоци (СЗП) на Европската комисија (јавно достапни во СЗП регистарот). Таквите податоци ќе бидат обработени од „контролорите на податоци“ на Европската комисија и ЕИАОК за целите на натпреварот, имплементацијата и следењето или заштитата на финансиските интереси на ЕУ.

Изјавата за приватност за DiscoverEU им го објаснува на апликантите начинот на кој што акцијата ги користи личните податоци и начинот на кој што се штити приватноста на податоците. Изјавата за приватност за DiscoverEU може да се најде на следниот линк: https://europa.eu/youth/privacy_en.

Апликантите имаат право да побараат помош во било кое време од европскиот набљудувач за заштита на податоци.

20. Жалби

На веб страната на договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК за организирање на резервациите за патувањата ќе биде достапен формулар за жалба. Избраните апликанти ќе бидат информирани за можноста кога да ги резервираат нивните патувања.