Подготвување за работа во странство

Ако планирате да работете во некоја друга земја на ЕУ, треба да ди претставите вашите вештини и квалификации кај работодавачот или регрутер на начин кој тие го разбираат. Тука имате една чек-листа со совети и информации кои ќе ви помагаат за работа во странство.

 

    Проверете ја вашата НРК

    Дознајте го вашето ниво на квалификации на Нацинална Рамка на Квалификации (National Qualifications Framework (NQF)) во вашата земја. Многу земји имаат НРК која ги мапира различните видови на квалификации во националниот образовен систем за да им помага на луѓето да ја разберат нивната квалификација.

    Исто така може да го проверете нивото на вашата квалификација на Европската Рамка на Квалификации (ЕРК). ЕРК помага да ги споредете системите за квалификации во Европа. Повеќето евроски земји ги имаат мапирано нивните национални квалификации со ЕРК. Може да вклучувате информации за вашите нивоа на НРК и ЕРК во вашата биографија (CV) и документи за аплицирање. Вашата образовна инститруција може да ви обезбедува информации за вашите квалификации

    Young woman comparing EQF levels
    Mobile phone and stethoscope

    Проверете дали вашата професија или работа е регулирана

    Некои професии (како што се лекарите, адвокатите, архитектите) се регулирани во многу земји.

    Ова значи дека постојат дадени критериуми за работа во овие професии во дадена земја. Проверете ја датабазата на регулирани професии (regulated professions database) за да видите дали вашата професија е на оваа листа.

    Треба да исполните специфични критериуми за аплицирање за овие работни места и можно е да има полагање на испит. Ако вашата професија е регулирана и вие треба да аплицирате за признавање на вашите квалификации вие може да:

    • Аплицирате за признавање користејќи за Европската Професионална Карта(ЕПК) (European Professional Card (ЕPC))
    • Контактирајте ги националните контакт точки за професионални квалификации (national contact points for professional qualifications ) во земјата каде работите за повеќе информации.

    Добијте признавање на вашите квалификации

    Контактирајте го центарот ЕНИЦ-НАРИЦ (ENIC-NARIC centre) во вашата земја каде сакате да работите. Центрите ЕНИЦ-НАРИЦ нудат евалуации и совет за признавање на квалификации во странство, кои може да ви помагаат да ги објасните вашите квалификации пред работодавачите и регрутерите.

    Multi-coloured folders piled up

    Подредете ги сите ваши документи

    Бидете сигруни да имате лесен пристап до вашите дипломи, уверенија на оценки и други документи да ги споделете со вашите работодавачи или услуги во земјата каде сакате да работите. Исто така може да организирате превод на вашите документи.

    Може да ги зачувате сите ваши дигитални документи во вашата Еуропас библиотека.

    • Ако имате квалификација за високо образование, може да побарате додаток на диплома (Diploma Supplement) од институцијата каде што сте студирале, кое вклучува корисни информации за вашата квалификација за да ви помага да објасните што имате научено.
    • Ако имате стручна квалификација, може да добиете Еуропас Додаток на Сертификат (Europass Certificate Supplement), кое нуди корисни информации за вашата стручна квалификација за да ви помага за објасните што имате научено.