Подготвување за студирање во странство
Ако планирате да студирате или да ја завршите обуката во некоја друга земја на ЕУ, треба да ги претставите вашите квалификации (степен, диплома или доказ за стручна обука) пред некоја образовна и тренинг институција. Ова чек-листа со совети и информации може да ви помогне да добиете признавање на вашата квалификација и да студирате во странство.
Проверете ги информациите
Кога барате курс бидете сигурни да проверете информации за школарина; времетраењето на студиите; процесот на аплицирање; и признавањето на вашите студии во странство.
Ако одите преку размена на студенти во една институција во друга земја, бидете сигурни да добиете јасни информации од вашата институција кај вас и од институцијата која ве пречекува за курсевите, оценките и вклучените испити.
Добијте информации за признавањто на квалификациите
Ако имате потреба од повеќе информации, контактирајте го центарот ЕНИЦ-НАРИЦ во дадената земја. Центрите ЕРИЦ-НАРИЦ нудат евалуации и советување за признавањето на квалификации во странство, кои може да ви помагаат во објаснувањето на вашите квалификации пред образовните и тренинг институции.
Може да вклучувате информации за нивото на вашата квалификација во вашето Еуропас CV и во вашите документи за аплицирање за да им помагате на луѓето подобро да ја разбират вашата квалификација. Вашата образовна институција може да даде повеќе информации за вашите квалификации.
Проверете и споредете ги нивоата на квалификациите
Проверете го нивото на вашата квалификација на националната рамка за квалификации во вашата земја. Многу земји имаат национална рамка за квалификации, кои ги мапираат разните видови на квалификации во националниот образовен систем. Исто тама може да го проверете соодветното ниво на вашата квалификација на Европската Рамка за Квалификација (ЕРК). ЕРК помага во споредувањето на системите за квалификации во Европа
Подгответе релевантни документи
Подредете ги вашите документи. Бидете сигурни да имате лесен пристап до вашите дипломи, уверенија на оценки и преводи за да ги споделите со образовната и тренинг институција каде аплицирате. Дали сте знаеле дека може да ги зачувате си ваши дигитални документи во вашата Еуропас библиотека?
- Ако имате квалификација за високо образование, може да побарате додаток на диплома од институцијата каде што сте студирале, кое вклучува информации за вашата квалификација.
- Ако имате стручна квалификација, може да добиете Еуропас Додаток на Сертификат од институцијата каде сте студирале, кое вклучува информации за вашата квалификација.