Менаџирање на вашите лични информации во Еуропас

Заштитувањето на вашите лични информации е приоритет на Еуропас. Еуропас никогаш нема да сподели, продава или користи ваши лични информации од вашиот Еуропас профил. Вие имате контрола со кога ќе споделите ваши информации и колку време ќе го направите тоа.

Како Еуропас ги користи вашите информации?

Еуропас користи информации во вашиот профил за анализирање на вашите вештини и да предложува интересни работни места и курсеви за вас. Секогаш може да избирате да ги исклучите овие функции на Еуропас.

Еуропас собира анонимни статистики (на пр., колку посетители се регистрирани во Еуропас) и трендови (на пр., дали корисниците на Еуропас имаат високи нивоа на дигитални вештини). Вашите лични податоци никогаш нема да се користат за овој процес.

Секогаш може да го избришете целиот или дел од вашиот Еуропас профил така што секогаш ќе имате контрола на вашата комуникација.

Зачувување на информации во вашиот Еуропас профил

Вашиот Еуропас профил е ваша лична онлајн алатка за менаџирање на сите ваши информации за вашите вештини, квалификации и искуства. Може да вклучите лични информации во вашиот профил, и да зачувувате фајлови (на пр. CV, дипломи) во вашата Еуропас библиотека.

Не треба да зачувувате информации во Еуропас кои може да се сметат за несоодветни или навредливи, или кои содржуваат лични чувствителни информации (на пр. за вашето здравје).

Споделување на информации од вашиот Еуропас профил

Еуропас никогаш нема да го сподели вашиот профил или фајлови без ваша согласност. Може да споделите линкови од вашиот Еуропас профил и фајлови (на пр. CV, дипломи) од вашата Еуропас библиотека со вашите работодавачи, образовни инстититуции и други, ако посакувате.

Секогаш бидете сигурни да го знаете идентитетот со кој споделувате ваши информации.

И ве молам бидете свесни дека во некои случаи примателите, во одредени земји надвор од ЕУ, може да не се предмет на условите за заштита на податоци.

Повеќе информации

Еуропас е бесплатна алатка, развиена од Европската Комисија, за работење и учење во Европа. Можа да го контактирате Еуропас за прашања како да ги менаџирате вашите лични информации.

Може да ја прочитате официјалната Еуропас изјава за приватност која содржува детали за контакт за Европскиот Ревизор за Заштита на Податоци (EDPS).