Europass за Образование и Обука

Europass е вреден ресурс за студенти и дипломирани студенти, како и за институции за образовани и обука во Европа. Европскта комисија ја менаџира платформата на Europass, која има сет на бесплатни онлајн алатки за доживотно учење и развој на кариера.

Европска алатка за менаџирање на кариерата и студиите

Europass е повеќејазична алатка кои им овозможува на вашите студенти или потенцијални студенти да ги документираат сите нивни вештини, квалификации и искуство во едно место. Корисниците на Еuropass може да креираат личен профил, со безбедна онлјан алатка, да ги идентификуваат нивните цели и да ги пратат нивните учења и постигања.

Студентите исто така може да користат профил во текот на нивните студии за да водат сметка за нивните проекти, постигања и напредок.

Потенцијалните студенти може да го споделат нивниот профил, CV и други документи преку Europass за да ги комуницираат јасно нивните вештини, квалификации и искуство до вас.

Europass исто така нуди голем број на други алатки за вие да ги користите за помагање на вашите студенти за комуницирање на нивните вештини и квалификации:

  • Додатокот на диплома се издава од страна на институциите за високо образование и нуди корисни информации за квалификациите на високото образование (на пр.оценки, постигања, институција) во стандарден формат.
  • Europass Додатокот на Сертификат се издава од страна на институциите за стручно образование и обука (VET) и нуди корисни информации за вашите стручни квалификации (на пр. oценки, постигања, институција) во стандарден формат.
  • Europass Мобилност  опишува меѓународни искуства и вештини развиени додека студентите студираат, работат или волонтираат во странство.

Информации за студирање и учење во Европа

Еuropass нуди разновидност на информации, во 29 јазици, за студентите и учениците да го планираат нивното учење, кариера и мобилност.

Институциите за образование и обука исто така може да имаат пристап на информации за

Europass исто така нуди страници за државата  со информации за Европскте услуги на национално ниво, информации за учењето и работењето во Европа.

Man sitting next to a laptop and a suitcase, and reading a book

Европас дигитални квалификации

Eвропас рамката на европскте дигитални квалификации им овозможува на институциите да издаваат дигитални, целосно заштитени уверенија и други акредитиви за учење. Со Европас дигиталните квалификации, учениците, работодавачите, институциите за образование и обука и други овластени тела имаат едноставен и доверлив начин за проверка на автентичноста на дигиталните овластувања. Дигиталните овластувања на Европас се правно еквивалентни на хартиените сертификати низ целата Европска унија и сите компоненти на инфраструктурата се отворени и бесплатни. Дознајте повеќе за тоа како можете да се вклучите

Промовирање на Europass

Европската комисија работи со државите учеснички, заинтересираните страни и експертите низ ЕУ за развојот и унапредувањето на Европас. Институциите за образование и обука, како и креаторите на политиките и експертите, играат клучна улога во користењето на „Европас“ за да му помогнат на различниот аудиториум и да покажат потенцијал за Европас да се приспособи на различните потреби.

Контактирајте нè за повратни информации или прашања за Европас.