Europass Дигитални Акредитиви

Europass дигитален акредитив е дигитална датотека, издадена од институцијата каде што сте студирале. Ја опишува вашата квалификација и може да содржи информации за вашите часови, оценки, проекти и други достигнувања.

Ако сакате да студирате, работите или волонтирате, најчесто треба да доставите доказ за своите квалификации и достигнувања до работодавците, образовните институции и други. Ова може да биде тежок процес, особено ако сакате да се преселите во друга земја за нова можност.

Europass дигиталните акредити ви овозможуваат да ги примате и споделувате вашите дигитални образовни степени, дипломи и сертификати од институции за образование и обука на лесен и ефикасен начин.

Институцијата каде што сте студирале може да ви издаде диплома или сертификат во вид на Eвропас дигитален акредитив.

Може да побарате да ја добиете дигиталната датотека за да ја зачувате во паричник во вашата Europass библиотека; или можете да побарате истата да ви биде испратена директно преку е-пошта или на друга локација. Датотеката со вашиот Europass дигитален акредитив е важна, затоа секогаш проверете дали е безбедно зачувана.

 

Зошто ми треба Europass Дигитален Акредитив?

Можете да го споделите вашиот Europass дигитален акредитив со работодавците, институциите за образование и обука или други организации на кои им е потребна информација за вашите квалификации. Кога ќе го видат вашиот Europass дигитален акредитив, тие ќе можат автоматски да потврдат дека вашата квалификација е вистинска, дека ви припаѓа вам, и тие можат да добијат подобро разбирање за вашите вештини и искуства. Секогаш осигурајте се дека го знаете идентитетот на секој со кого ги споделувате вашите акредитиви. Ако ги чувате вашите акредитиви во вашата Europass библиотека, можете да ги споделите истите само за одредено време.

Системот Europass Дигитални Акредитиви е управуван од Европската комисија и е бесплатен и безбеден.

Европската комисија започна да работи со земјите-членки на ЕУ и другите земји за пилотирање на Europass Дигитални Акредитиви. Вие би можеле да бидете еден од првите дипломирани студенти што ќе ја добиете вашата диплома или сертификат во форма на Eвропас дигитален акредитив.

Вашата институција ќе ве информира доколку добиете Eвропас дигитален акредитив. Можете исто така да не контактирате доколку имате прашања во врска со Europass дигиталните акредитиви.

Smiling young woman showing her mobile phone