Додатокот на диплома

Дали само што сте дипломирале? Дали имате квалификација за високо образование, како што е факултетот или магистратурата? Додатокот на диплома може да ви помогне да ја покажувате вашата квалификација низ Европа.

Што претставува Додатокот на диплома?

Додатокот на диплома е документ кој дава информации кои му олеснуваат на работодавачите и образовните институции да ја разбираат вашата квалификација.

Кога аплицирате во странство за работно место или курсеви, може да биде предизвикувачки објаснувањето на тоа што имате научено во вашите студии. Ова е каде Додатокот на диплома може да ви помогне.

Какви информации содржува?

Додатокот на диплома дава информации за вашите лични постигањеа, вклучувајќи кредити од курсеви, оценки, и тоа што имате научено.

Тој содржува информации ки го потврдуваат: 

  • видот и нивото на добиената квалификација
  • институцијата која ја издала квалификацијата
  • содржината на курсот и добиените резултати
  • деталите за националниот образовен систем

Овие информации може да му помогнат на еден работодавач или образовна институција да ја разбира вашата квалификација и за вас да го преземете следниот чекор на учење и кариера.

Како може да добиете Додаток на диплома?

Може да го побарате вашиот Додаток на диплома од институцијата за високо образование каде што сте студирале.

Диппломираните во повеќе од 40 земји имаат право автоматски да земаат Додаток на диплома, бесплатно и во било кој повеќе користен европски јазик.

Примери на Додатоци на диплома

Вашата диплома + вашиот додаток на диплома = перфектна комбинација кога аплицирате за работа или курс во друга европска земја.