Креирајте го вашето Europass CV

Онлајн градителот на Europass CV-то го олеснува креирањето на вашето CV. Можете да го користите да аплицирате за работа, за можности за образование или обука, како и за волонтирање.

Најпознатиот формат на CV во Европа

Europass CV-то е едно од најпознатите формати на CV во Европа. Тоa е леснo за употреба и познатo за работодавците и образовните институции.

Првин ќе треба да го креирате вашиот Europass профил со информации за вашето образование, обука, работно искуство и вештини. Откако ќе го пополните вашиот Europass профил, можете да креирате колку што сакате Cv-а со само неколку кликања. Селектирајте ги информациите кои би сакале да бидат вклучени, изберете го вашиот омилен дизајн а Europass ќе се погрижи за останатото. 

Можете да креирате, чувате и споделувате CV-а на 29 јазици. Можете да го преземете вашето Europass CV, чувајте го во вашата Europass библиотека, споделете го со работодавците, со EURES или со други сајтови за работа.

Woman holding her Europass CV

Како да креирате добро CV

Запомнете дека вашето CV е прва можност да разговарате со вашиот потенцијален работодавач за своите вештини и искуства. Тоа e слика од тоа кои сте вие, на вашите вештини, на вашето образование, работно искуство и други достигнувања.

Вашиот Europass профил

Вашиот профил на Europass е местото за евиденција на сите ваши вештини, квалификации и искуства. Ако го чувате ажуриран вашиот Europass профил, тогаш вие во секое време ќе ги имате сите потребни информации за побрзо да креирате прилагодени CV-а и апликации за работа.

Среќно со вашите апликации!